Јенс Столтенберг: Србија долги години е близок партнер на НАТО

Макфакс

10/08/2022

08:47

2.730

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, велејќи дека партнерството се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на Србија на воена неутралност.

„Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Тоа ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и другите политички лидери и редовните интеракции со српските колеги, меѓу кои е и мојот заменик-помошник за политички прашања и безбедносна политика и шеф на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград. Ги вклучува и добро воспоставените односи меѓу командантот на КФОР и српскиот началник на Генералштабот“, изјави Столтенберг за подгорички „Вијести“. Тој вели дека ваквите односи овозможуваат конструктивен дух и меѓусебно почитување „што треба да продолжи“.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека Алијансата ќе продолжи целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, пренесе Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг