Точка интервју со Нина Неданоска од Шпаркасе Банка: „Штедењето за иднината е еден од клучните аспекти на финансиското здравје“

Точка

25/07/2022

22:02

178.000

Големина на фонт

а а а

Стабилноста, довербата и долгорочната компонента се основните начела во работењето на Шпаркасе Банка која силно верува во себе и своите клиенти, гради партнерски однос, нуди финансиски можности и социјална инклузија преку своето редовно работeње и општествено одговорните проекти.

Како дел од најсилната банкарска групација во југоисточна Европа, Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе посветено работи на обезбедување финансиски услуги на здрави основи за своите клиенти во Македонија, градејќи на тој начин доверба, меѓусебно разбирање и почитување.

Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Банката во Грац формирана 1825 година ги преброди сите економиски и воени кризи во последните 200 години, обезбедувајќи услуги за своите клиенти во континуитет, без потреси и неочекувани одлуки. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

На тема кариера, грижа за финансиското здравје за клиентите, актуелни движења во економијата, како и за идните планови во делувањето на Банката, имавме можност да поразговараме со заменик претстедателот на Управен Одбор на Шпаркасе Банка, г-ѓа Нина Неданоска.

Секогаш е интересно да се чуе приказната за Вашиот кариерен пат. Кажете ни кој е Вашиот личен пат до менаџерскиот врв, како успеавте да ја оправдате довербата? Како е да се биде жена менаџер, член на Управен одбор на една банка?

Пред точно 20 години, кога и започнав да го градам мојот кариерен пат, се приклучив на тимот на тогашната локална Охридска банка.

Започнав како благајник, а скалилата нагоре ги качував чекор по чекор, благодарение на посветеноста, напорната работа, транспарентноста и доверливоста.

Од оваа перспектива денес, како заменик претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, сметам дека надминав многу предизвици, најмногу заради тоа што Банката ја доживувам како мој втор дом. Квалитетното вршење на банкарските операции, исплатата на првите кредити, грижата за една експозитура, па за цел сектор, а денес за цела банка заедно со останатите членови на Управниот Одбор, за мене има иста важност.

Сметам дека она што е важно во кариерата е да го работите она што вистински го сакате и она што верувате дека умеете добро да го завршите. Тогаш успехот е логичен.

Верувам во способноста, искуството и во знаењето на луѓето. За мене тоа е едиствениот начин за да се успее на секое поле. Никогаш не сум ги делела професиите според полот, туку според амбициите на индивидуите да се впуштат во нешто во кое веруваат дека можат да успеат. Јас себеси отсекогаш се гледав како банкар и во континуитет работев и вложував во насока на тоа да напредувам во тој свет. Верувам и ги охрабрувам и сите други жени да веруваат во себе и да се насочат кон тоа да си ги остварат целите што си ги зацртале.

Во Шпаркасе Банка доминираат жените, вклучително и жени на менаџерски позиции. Не е тоа нешто тенденциозно или намерно создавано, туку напротив, цврсто веруваме дека само квалитетните луѓе излегуваат на површината и сметам дека сите одлично се носат со тежината на позициите на кои работат.

Како Шпаркасе Банка се грижи за финансиското здравје на своите клиенти?

Штедењето и инвестирањето за иднината е еден од клучните аспекти на финансиското здравје. Штедењето не подразбира високи износи, штедењето подразбира издвојување на определен процент од приходот на редовна основа за обезбедување економска сигурност и полесно справување со очекуваните и неочекуваните трошоци или едноставно за исполнување на некоја своја поголема желба. При тоа, од исклучитена важност е да се одбере парнер од доверба, стабилна банка која ќе биде финансиски советник во исто време, транспарентна во својата понуда и конкурентна на пазарот.

Наша групациска стратешка определба е да бидеме банка која се грижи за финансиското здравје на своите клиенти. Потврда за тоа е потпишувањето на иницијативата на Обединетите нации со која се посветуваме на промовирање на универзална финансиска инклузија и зајакнување на банкарскиот сектор што ќе го поддржи финансискиот здравје на своите клиентите.

Оваа наша определба е зацртана во конкретен план на активности со чие имплемeнтирање ќе вложиме напори за подобра финансиска едукација на нашите клиенти, инклузивност на сите социјални категории, но и уште подобра транспaрентност и симплифицираност на банкарските производи и услуги.

Во време на нестабилни движења во економијата, нестабилност на светските пазари на каматни стапки предизвикани од ковид кризата и воениот конфликт, од исклучителна важност е менаџирањето со штедните влогови и кредитирањето на населението. Како Шпаркасе Банка реагира на овие пазарни движења?

На почетокот на јули, инспирирани од нашите клиенти и нивните потреби, креиравме нов депозитен прозивод - Штеден план, погоден за штедење во денари, по однапред дефиниран план кој преку финансиска дисциплина ќе придонесе за заштеда на подолг период. Со Штеднот План, клиентите добиваат поволни услови за штедење со гарантирани фиксни каматни стапки и можност за дополнителни вложувања.


Истовремено, не ги забораваме и нашите традиционални штедачи кои штедат на повисоки износи и започнавме да го нудиме новиот промотивен Депозит Плус со кои добивате 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци односно 2,4% за 36 месеци.

Притоа, атрактивниот Депозит прогрес останува во нашата понуда, а истовремено ја наградуваме и лојалноста на нашите депоненти, па така кај традиционалните денарски депозити воведовме дополнителна поволност за примателите на плата и за депонентите со повисоки износи на депозити, изразена преку стимулативен додаток на каматна стапка. Сите детали се достапни на нашата веб страна www.sparkasse.mk.

Банката својата посветеност на потребите на клиентите ја рефлектира и преку активна понуда на кредити со фиксни каматни стапки на подолг рок, за решавање на станбено прашање, поголема инвестиција или потрошувачки кредит за уредување на домот, школување, ов автомобил, летување... Секако, кредитните и дебитни картички, како и мобилното банкарство се неиздвоив дел од нашата понуда, работејќи интензивно на дигитализација на определени процеси и обезбедувајќи услови за нашите клиенти да бидеме достапни од било кое место.

Покрај сите овие поволности кои ги воведуваме во делот на штедење и кредитирање, континуирано и систематски ги следиме случувањата во банкарскиот сектор во земјата и поширокиот регион, за да не заостанеме во ниту еден сегмент од нашето работење.

Зошто клиентите да ја одберат токму Шпаркасе Банка за нивен финансиски партнер?

Нашите принципи на работа се ПОБРЗО, ПОЕДНОСТАВНО, ДОСТАПНО, ИНТУИТИВНО! Тоа значи дека ги земаме предвид потребите и можностите на пазарот, пристапуваме кон секого поединечно, работиме на подобрување на нашата деловна мрежа и мрежата на банкомати и се стремиме да им понудиме на клиентите квалитетна услуга во согласност со принципите на нашиот бизнис.

Можете да очекувате постојано високо ниво на посветеност и одговорност од страна на нашите тимови, збогатување на палетата на производи и развој на дигитални услуги во согласност со современите банкарски практики. Во наредниот период, процесот на дигитализација ќе биде главен фокус во нашата развојна стратегија и појдовна основа во градење на модерен и иновативен концепт на работење и опслужување на клиентите.

Банката останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па затоа ги охрабруваме сите да бидат мотивирани и секогаш да посакуваат нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да одбираат!

Верувајте во себе, бидејќи имате банка која верува во вас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг