Објавено видео од хулиганите кои фрлија молотов коктел на протестите, МВР апелира доколку некој ги препознае да пријави на 192

Точка

06/07/2022

16:06

3.685

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи упати апел до граѓаните доколку препознаат некој од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел кон полицијата и објектот на Собранието, да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

„Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, стои во соопштението од МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземени најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

„Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, се наведува во денешниот апел од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг