(Видео) Шарл Мишел на дневникот на "Сител": Ако одлуката е "не", за нов предлог ќе чекаме многу долго

Точка

05/07/2022

20:53

6.228

Големина на фонт

а а а

Како ваш пријател се надевам дека нема да ја пропуштите оваа можност да направите чекор кон иднината, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во дневникот на Сител ТВ.

Мишел изјави дека во име на сите членки треба да објасни што е суштината на овој предлог.

„Пред неколку дена ние успеавме, се покажа политичката волја од страна на ЕУ да ставиме на маса една понуда. Не го гледам ова како перфектен предлог, меѓутоа на европско ниво ние не можеме да правиме импровизации. Никој не може да добие 100 посто од тоа што сака да го добие од европска страна“, рече Мишел.

Мишел додаде дека протоколот не е ставен во преговарачката рамка, за тоа дека се почитува македонскиот јазик говори и фактот дека целата европска легислатива ќе биде преведена на македонски јазик.

!Ова не е земи или остави ситуација затоа што предлогот е основа и не е финална верзија. Треба внимателно да ги слушнеме предлозите на властите и искрено се надевам дека ќе има позитивна одлука и ова е единствена можност и верувам дека ако има одлука што нема да биде „да“ ќе чекаме уште многу долго за да дојдеме до друг нов предлог“, истакна претседателот на ЕС во Тема на денот во дневникот на Сител.



Спонзорирани линкови

Маркетинг