Заборавен трик од нашите баби за жардиниери полни цвеќиња: Растенијата цветаат благодарение на овој додаток

Точка

20/05/2022

16:55

59.216

Големина на фонт

а а а

Отстранувањето на лушпите од овошјето и зеленчукот и правењето компост ќе ја збогати почвата за вашите растенија, па тие ќе бидат бујни и раскошни до крајот на сезоната на цветање.

Но, ако не сакате да правите компост и не сакате да додавате хемикалии кои го поттикнуваат растот во вашата вода за наводнување, користете го заборавениот трик на нашите баби.


Пред да засадите петунии, вербена или кој било друг цвет, ставете едно цело свежо јајце во почвата во саксии. Прелијте го со уште малку земја, па засадете ги саканите цветови и полевајте по потреба.

Минералите кои ги содржи јајцето постепено ќе се растворат и ќе се спојат со почвата, а истовремено ќе го нахранат растението.


Сличен ефект можете да постигнете и ако во саксијата со земја ставите само лушпи од јајца - свежи или варени. Искршете ги за калциумот полесно да се ослободи од нив и да 'премине' во земјата, со што ќе ги нахраните корените на растенијата.

Не се плашете на ист начин да ја одржувате убавината и бујноста на собните растенија - со калциум, фосфор и магнезиум ќе го поттикнете нивното растење и ќе ја одржувате убавината на листовите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг