Мотивацискиот говорник и автор на бестселери, Кенан Црнкиќ за Точка: „Ме воодушевија луѓето во Македонија, полни се со онаа вистинската – позитивна енергија“

Точка

30/03/2022

20:47

119.304

Големина на фонт

а а а

Кенан Црнкиќ, доктор по економски науки, професор на повеќе високорангирани странски универзитети, светски познат мотивациски говорник и автор на регионални бестселери со мотивациска содржина.

Деновиве имавме можност да го запознаеме и во Скопје, каде што во издание на „Топер“ на македонски јазик беше издадена неговата книга за среќата „Внимавај кој волк го храниш“.

„Внимавај кој волк го храниш“

Книгата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.


Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски.

Овојпат редакцијата на „Точка“ имаше можност да поразговара со познатиот автор кој ни откри дел од работите кои допрва следат на професионален план, но кажа и збор-два за Македонија и луѓето кои живеат во неа.

Дали планирате промоција на книгата „Кој волк го храниш“?

Големо задоволство ми е што токму за вашиот портал „Точка“ можам ексклузивно да кажам дека заедно со мојот издавач за Македонија – „Топер“, планиравме промоција на книгата и дружба со читателите на претстојниот Саем на Книга во Скопје во мај годинава. Јас верувам дека да се биде среќен доаѓа од зборот да се сретнуваш, па многу се радувам на таа СРЕДБА.

Како реагира публиката во Македонија на Вас?

Извонредно! Многумина случајно сретнав во текот на сегашниот престој во Скопје, секојдневно ми пишуваат на социјалните мрежи од сите останати градови, како што се Битола, Охрид итн.


Кој коментар Ви остана во сеќавање од некој Ваш обожавател од Македонија?

„Конечно сте ТУКА“. Инаку, ме воодушевија луѓето во Македонија. Срдечни се, добронамерни, топли и полни со онаа вистинската позитивна енергија. Прекрасно се чувствувам кога сум во Македонија.

Дали може наскоро да очекуваме нов превод на македонски јазик на некоја ваша книга?

Дефинитивно! Издавачката куќа „Топер“ е мој стратешки партнер за Македонија и планираме издавање и на моите други две книги „7 тајни на успехот“ и секако, „Да го надживееш животот“.


Можете ли да издвоите една мотивациска реченица од „Внимавај кој волк го храниш“?

Тешко е да издвоиш една, но еве за потребите на ова интервју, нека биде тоа:

„Среќата е ретка работа која се множи кога се дели“.

Кои места успеавте да ги посетите во земјава, што Ви остави најголем впечаток?

Засега тоа се Скопје и Охрид, но се радувам на обиколувањето на сите градови во Македонија. Инаку, тоа е нешто што го планиравме во форма на бесплатни предавања кои ќе се направат кон крајот на годинава, веројатно во состав со издавањето на уште една моја книга на македонски јазик.


Кој Ви е омилен македонски рецепт?

Голем гурман сум и со задоволство можам да кажам дека македонската кујна е една од најдобрите која сум ја пробал. Има многу слични работи како и кај нас во Босна, сепак вашиот ајвар и секако гравче тавче се ненадминливи и ТОЧКA.




Спонзорирани линкови

Маркетинг