Избрани шест композиции: Кој ќе нè претставува на Евровизија 2022?

Точка

21/01/2022

15:21

12.665

Големина на фонт

а а а

Оваа година претставникот на Евровизија 2022 ќе се избира по пат на гласање - онлајн и од стручно жири, а одбрани се шест изведувачи кои се пријавиле на конкурсот.

„Селектирани се песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Македонија за Евровизија 2022“, објавија од официјалниот профил на Eurovision Macedonia.

Избраните шест композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска

Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“

Автор на музика: Давор Јордановски

Автор на текст: Весна Малинова

Аранжман: Никола Васков - Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Yon Idy

Наслов на композиција: „DREAMS”

Автор на музика и текст: Yon Idy

Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Лара Иванова

Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”

Автор на музика: Роберт Билбилов

Автор на текст: Робин Зимбаков

Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Виктор Апостоловски

Наслов на композиција: „SUPERMAN“

Автор на музика: Владимир Дојчиновски

Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски

Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Андреа Коевска

Наслов на композиција: „CIRCLES"

Автор на музика: Александар Масевски

Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска

Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Ris Flower

Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN"

Автор на музика: Борис Цветановски - Ris Flower

Автор на текст: Борис Цветановски - Ris Flower

Аранжман: Мустафа Џанбазлар




Спонзорирани линкови

Маркетинг