Пиоли: Го подготвив секој детаљ, можеме да го победиме Ливерпул

Дерби

07/12/2021

17:38

3.722

Големина на фонт

а а а

Милан го загуби првите три дуели во групата Б во Лигата на шампионите, но со освоените четири против Порто и Атлетико Мадрид се доведе во позиција да се надева на пласман во нокаут рундата.

„Росонерите“ не зависат од себе затоа што Порто е пред нив со 5 поени, но португалскиот првак се соочува со Атлетико што дефинитивно го става калчолигашот да може да извлече максимум од оваа ситуација, меѓутоа за тоа ќе мора по секоја цена да слави над Ливерпул на „Сан Сиро“.

- Одигравме одлични натпревари во минатото, ќе ги играме и во иднина. Го подготвив секој детал за овој натпревар. Мораме да бидеме силни бидејќи играме против тим кој може да ја освои титулата, - истакна тренерот Стефано Пиоли кој има доста проблеми кога е во прашање напаѓачката линија.

- Златан не е единствениот напаѓач што го имаме. Колку сме помалку предвидливи, толку повеќе проблеми ќе му создаваме на противникот. Подготвени сме, навивачите ќе бидат со нас. Ги имаме сите услови да постигнеме добар резултат. Мораме да покажеме заби и да го извлечеме максимумот од тоа, - дополни Пиоли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг