Започна состанокот меѓу Путин и Бајден во формат на видео-конференција

Макфакс

07/12/2021

17:27

2.760

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега, Џозеф Бајден, попладнево ги започнаа билатералните разговори во формат на видео-конференција, пренесува РИА Новости.

Како што беше претходно најавено, се очекува лидерите да разговараат за ситуацијата во Украина, проширувањето на НАТО кон исток, прашањата за стратешката стабилност и билатералната агенда, а може да се осврнат и на регионалните безбедносни прашања, вклучително и ситуацијата во Авганистан.

Се очекува состанкот да биде повеќечасовен, а според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, линијата за комуникација која ја користат двајцата претседатели била воспоставена за време на претходните американски администрации, кога, како што рече, сè уште имало нешто креативно во руско-американските односи.

Според него, разговорот меѓу двајцата лидери начелно ќе биде сличен на телефонски разговор односно лична средба (бидејќи има и визуелен контакт), но оваа посебна линија им овозможува да разговараат и за најзатворените теми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг