Фердинанд прогнозира кои двајца играчи ќе го загубат стартерскиот статус под водство на Рангник

Дерби

07/12/2021

12:56

3.430

Големина на фонт

а а а

Ралф Рангник дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед со минимална победа од 1:0 над Кристал Палас, триумф на кој исклучително многу се израдува искусниот стручњак кој првпат во кариерата води еден фудбалски великан како оној од „Олд Трафорд“.

Германецот експресно воведе неколку промени и евидентен беше различниот пристап на тимот во пресметката со Кристал Палас, а тој не криеше дека е воодушевен од тоа како одговориле играчите на неговите методи по само еден целосен одработен тренинг пред првиот меч во Премиер лигата.

Истиот се уште е предмет за анализа од страна на експерите кои всушност се поранешни играчи на Јунајтед, па Фердинанд како еден од најгласните си даде за право да прогнозира кои двајца досегашни стартери ќе го загубат ваквиот статус под водство на новиот тренер.

На својот прв меч во Јунајтед, Рангник на десната бековска позиција го постави Дало пред Ван Бисака, додека Телјес го менуваше повредениот Лук Шо.

– Ќе бидам најискрен што можам. Ван Бисака ќе има пеколно тешка задача да се врати во тимот на Рангник, истото важи и за Лук Шо. Ќе имаат навистина пеколна задача да се вратам во стартерскиот тим.

– Рангник сака играчи кои знаат да играат со топката, но најмногу сака играчи кои знаат да изнесат топка покрај вршењето пресинг. Во овој дел, Ван Бисака е убедливо најлош и ќе му биде многу тешко да се избори за место. Истото ова го мислам и за левата страна каде досега играше Лук Шо, – вели Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг