Нека победи природата: предности од рециклирањето стари мобилни телефони

Точка

12/11/2021

16:33

3.459

Големина на фонт

а а а

Рециклирањето милион мобилни телефони заштедува доволно енергија за 185 домаќинства, и тоа за цела година.

Кои се начините на кои може да помогнеме за зачувување на околината преку рециклирање стари уреди?

Заштеда на енергија и зачувување природни ресурси се, едноставно кажано, зборовите што навистина предизвикуваат дискусија, но и акција насекаде низ светот.

Трендот на рециклирање стари мобилни телефони и, воопшто, стари електронски уреди (лаптопи, таблети...) зеде огромен замав и кај нас. Одговорното општествено работење на компаниите и иницијативите дополнително ја олеснуваат целата акција за рециклирање преку која секој од нас може да биде дел од процесот на заштита на природата. За среќа и благодарејќи на иницијативата на А1 Македонија, тој процес е едноставен, брз и достапен за сите.

Што добива природата од процесот на рециклирање стари телефони и уреди?

Самиот процес на рециклирање и реупотреба помага во заштитата на енергија, зачувувањето на природните ресурси и спречува навлегување штетни материјали во почвата и во атмосферата.

Мобилните телефони содржат разни метали, бакар и пластика. Нивното рециклирање го спречува загадувањето на воздухот и на водата и ги намалува штетните емисии на гасови што се создаваат при процесот на нивно производство.


Зошто да ги рециклираме старите мобилни телефони?

Едноставно: затоа што е неопходно.

Затоа што рециклирањето на само еден мобилен телефон заштедува енергија за напојување еден лаптоп за 44 часа.

За илустрација, рециклирањето милион мобилни телефони заштедува доволно енергија за 185 домаќинства, и тоа за цела година.

Во својата акција од 2015 година, „Apple“ успеа да рециклира е-отпад во вредност од 90 милиони фунти. Фасцинантни се количествата и вредноста на добиените материјали од рециклажата: челик во вредност од 23 милиони фунти, пластика во вредност од 13 милиони фунти... замислете го тоа количество на глобално ниво, и тоа во рок од 10 години!

Каде може да ги рециклираме старите мобилни телефони?

Природата повикува – А1 Македонија одговори на повикот: сега може да се упатите во најблискиот салон на А1 Македонија, да го побарате специјално означеното место за рециклирање и да го оставите вашиот стар телефон, лаптоп или таблет за понатамошно рециклирање. Дополнително, со секој рециклиран уред за возврат добивате еко-подарок, а со тоа придонесувате за зачувување на природата.

Сите детали за начинот и за придобивките од рециклирањето стари мобилни телефони може да ги погледнете тука.