Дино Мерлин признал: „Бев тешко болен, дури сега можам да зборувам за тоа“

Точка

19/10/2021

21:10

5.562

Големина на фонт

а а а

Пејачот Дино Мерлин зборувал за најтешкиот период во неговиот живот.

Еден од најпопуларните пејачи во регионот, Дино Мерлин, многу ретко во медиумите зборува за својот приватен живот.

Затоа не е ни чудно што предизвика толкав интерес видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а во кое пејачот зборува за тој период од неговиот живот, во кој 'сешто му паѓало напамет', бидејќи 'животот и смртта му биле исти'.

Со грутка во грлото и солзи во очите, Дино открил дека поминал низ ужасна борба со депресијата.


„Ова ќе го кажам првпат, во еден период од животот бев тешко болен. Имав една тешка депресија. Тоа не би го посакал никому. Тоа се манифестираше така што не можев ништо да правам. Апсолутно ништо не ме интересираше, мене ми беа исти животот и смртта. Бев растение. И тоа беше период кога сакав да ја напуштам музиката, сешто тогаш ми паѓаше напамет... Но, ете, за некое чудо се извлеков“, раскажал Мерлин со солзи во очите.

За тоа дека депресијата ги погаѓа и среќните и успешните не е непознато, бидејќи таквата сериозна здравствена состојба, која за среќа може да се излечи, не е последица на нечија незаинтересираност, ниту мрзеливост - карактеристики кои често паушално ѝ се препишуваат на депресијата.

Сараевскиот музичар во друго интервју раскажал колку е среќен во својот брак, дека има прекрасно семејство, деца и внуче и дека сите тие многу му помогнале да го преброди тој период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг