Премиерот на Викторија му се закани на Ѓоковиќ по повод учеството на Австралија Опен

Дерби

19/10/2021

15:11

1.951

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ одби да открие дали се заштитил со вакцина против коронавирусот и самиот призна дека не знае што ќе се случува до стартот на Австралија Опен, грен слем турнир кој втора година по ред ќе преземе радикални мерки за одржување на големиот настан.

За разлика од последното издание кога тенисерите минуваа низ карантини и радикални изолации, за претстојниот турнир на стартот на 2022-ра година вакцинацијата ќе биде задолжителна кај сите играчи, а тоа сега го најави првиот човек на австралиската држава Викторија, каде всушност се игра турнирот во Мелбурн.

Даниел Ендрјус како премиер на оваа држава најави дека ниту еден тенисер нема да добие виза, или нема да игра доколку не покаже сертификат за вакцинација, а со оглед на зборовите кои ги испрати, истите како да беа наменети исклучиво за светскиот рекет број еден кој до пред извесно време беше против вакцинацијата.

– Невакцинираните играчи нема да добијат виза за влез во Викторија. Дури и некако да ја добијат, нема да играат на турнирот бидејќи ќе бидат во карантин неколку недели.

– На вирусот не му е важно како сте рангиран во светскиот тенис и колку грен слем титули имате освоено. Тоа е сосема небитно, мора да бидете вакцинирани и да се заштитите себе и другите околу вас, – порачува Ендрјус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг