Животната мисија на славната научничка завршила трагично! Едно лице настрадало, таа се бори за живот

Точка

20/09/2021

15:12

2.238

Големина на фонт

а а а

Саша Денч, која учествувала во мисија за кревање на свеста кај луѓето за глобалното затоплување, сакајќи со параглајдер со пријателот Ден Бартон да прелета 4.800 километри, доживеала трагедија на тој пат.

Климатската активистка, Британката Саша Денч, која во рамките на својата животна мисија со моторизиран палаглајдер тргнала на патување по континентална Британија, за да ја крене свеста за глобалното затоплување, доживеала трагедија која ја шокирала целата планета.

Таа, имено, во планинското подрачје на северна Шкотска имала несреќа заедно со својот сопатник Ден Бартон, кој загинал во страшни услови, додека таа се здобила со многу тешки повреди.


Најпрво лекарите се бореле за нејзиниот живот, а потоа соопштиле дека добро реагирала на терапијата и дека повеќе не е во животна опасност.


Денч ја нарекле "човечки лебед" кога тргнала на патувањето долго 4.800 километри со моторизиран палаглајдер пред ноемвриската конференција на ОН за климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг