Прекрасната Кетрин Зета Џонс многу добро знае како да ги привлече погледите на црвениот тепих.
Нејзиниот последен во низа гламурозен стајлинг бил во центарот на вниманието на доделувањето на Еми наградите кое вчера се одржа во Лос Анџелес. Убавата Кетрин носела заводлива креација на дизајнерката Кристина Отавијано со висок шлиц, која совршено ѝ прилегала.
Стајлингот без грешка го заокружила со сексапилни потпетици на Кристијан Луботин и дијамантски ѓердан и обетки.
Кетрин играла на сигурно - огненоцрвената боја и дискретниот сексапил се секогаш добитна комбинација!