Видео интервју со Мартинијан Кириловски, второпласираниот на Макфест: „Се чувствувам исто како прво место да сум освоил“

Точка

19/09/2021

19:18

15.045

Големина на фонт

а а а

Кумановецот Мартинијан Кириловски го освои второто место на овогодишниот „Макфест“ со композицијата „Вистина“, откако во 2019-та година победи со „100 пати на ден“.

Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ

Оваа година Мартинијан беше еден од оние учесници кои и покрај тоа што во некое од претходните изданија на „Макфест“ ја освоија првата награда, повторно се појави со нова песна, во трка за висок пласман на 36-то издание на најстариот музички фестивал на забавни мелодии.

И позади овој макфестовскиот хит повторно се потпишува Ристо Самарџиев, кој беше заслужен и за „100 пати на ден“, песна која остана запаметена и која и понатаму се слуша на македонските радија.

Кириловски за Точка признава дека „Вистина“ има стихови во кои се пронаоѓа. Пресреќен што го освои високото второ место на овогодишниот Макфест, вели дека чувството му е исто како да победил.

Сепак, признава дека на секој изведувач најважно му е песната да остане, да се слуша и да се запамети, бидејќи наградените изведувачи и композиции брзо се забораваат. Остануваат да се слушаат само оние песни кои публиката ќе ги избере по завршувањето на фестивалот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг