Педесет и седумгодишен параглајдерист од САД паднал врз возило во селото Љубаништа.
„Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, Д. J. Р. (57) од САД, паднал на патничко моторно возило „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Параглајдеристот со возило на итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.







