Што е името за толку непопустливо да се држиме до него, вака го започнува својот перформанс уметникот Јанез Јанша од Словенија кој е роден под името Емил Хрватин. Тој и уште двајца уметници колеги ги сменија нивните имиња пред 11 години и предизвикаа бранување во политиката на својата земја, пресметувајќи се на некој начин со моќните политички структури.
Нивниот проект почнува така што тројцата се зачленуваат во една од најголемите партии во нивната земја „Словенечка демократска партија“, ги посетуваат штабовите и учествуваат во партиските активности. Во 2007 година предизвикуваат општа сензација со тоа што одлучуваат да го сменат своето име и да се прекрстат во Јанез Јанша, лидерот на партијата. Од тогаш почнува авантурата која ќе предизвика интерес не само во Словенија, туку и во уметничките кругови низ светот. Тројцата официјално се прекрстуваат во Јанез Јанша менувајќи го името во своите патни исправи, лични карти, возачки дозволи, кредитни и дебитни картички, во своите изводи и сите други документи. Единствено не успеваат да го сменат името во своте партиски книшки. Партијата одбила да им одговори на седумте испртени барања. Еден од тројцата Јанез Јанши зборуваше за овој процес на овогодишното издание на АКТО.
Персоналното име не значи дека тоа е идентитетот на поединецот. Прашање е колку е персонално. Тоа е наметнато на секому. Сме го добиле како што сме го добиле животот. Никој не не прашал дали сакаме да живееме како што никој не не прашал дали сакаме да го носиме тоа име. Секој од нас имал или се уште има проблем со своето име. Луѓето многу повеќе го употребуваат името отколку поединците кои го носат, тоа е начин на кој влегуваме во заедницата, начин на кој заедницата не прифаќа, во таа смисла личното име е далеку повеќе општествен термин, отколку што е поврзано со поединецот. Така да тоа прашање што го поставува Јулија на Шекспир за ружата, тоа не е прашање за ружата, туку за општеството. Општеството одеднаш на друг начин го гледа човекот во зависност од името кое го носи. На некој начин поединецот со промена на името го менува начинот на кој се опишува во околината во која партиципира. Името е општествена категорија.
Ние повеќе поставуваме прашања отколку што сакаме да дадеме одговор. Отвораме прашање дали некој простори се резервирани само за одредена личност. На тој начин ја преиспитуваме структурата на моќта, дали е таа нешто што е минливо, што може да премине од една до друга групација и дали може да им припаѓа на сите, зошто само да биде изолирана на одредени групации или одреден поединец. Повеќе се работи за тие прашања и нашите гестови може изгледаа провокативно, но ги носат овие прашања.
Првите реакции беа како е можно, како дошло до тоа, дали смее да се направи тоа. Од страна на институциите имаше обиди да не саботираат. На пример имаше една книга „Who is who?“ во Словенија, каде ние бевме ставени со старите имиња. Потоа им испративме барање да го променат тоа затоа што сега се викаме Јанез Јанша и под тоа име работиме и конечно прифатија да ги сменат имињата во енциклопедијата. Имаше обиди, ни велеа „тоа е невозможно, не можете вие тоа да го направите“. И тоа беше повеќе во културни контексти отколку административни, тие само го следеа словото на законот. Што се однесува до „Словенксата демократска партија“, членството го доживеа тоа позитивно. Гледаа како некој гест на припадност.
Не. Тоа беше во првата фаза, во која немаше службен одговор, ниту од политичарот, ниту од партијата. Првиот одговор беше дури после три години. Во тој период беше се некако отворено, на тие средби каде ги среќававме членовите на СДС, тие покажуваа наклонетост и бараа наши визитки. „Баш супер што сте го направиле тоа“, ни велеа. Во нашата работа ние не рефериравме на некој политичар. Не беше поврзана со интерпретација на политиката и политичките ставови. Само го променивме името. Ако ја гледате нашата работа, нема дела кои го вклучуваат ликот на Јанез Јанша. Стана поинтересно кога се покажа дека неговото вистинско име не е Јанез Јанша, туку Иван Јанша.
Во некои констелации некои луѓе сметаат дека го носиме името афирмативно кон него и неговата партија. Други тврдат дека е тоа критички однос. Мислам дека не се работи за тоа кои се во право, туку што произведува овој гест. Да, афирмација, но на што и дали афирмацијата на едно политичко поле произведува мобилизација на друго поле. Мислам дека е битен тој следен чекор.
Тоа беше класификација која ја донесе судски вештак кога му беше поствено прашање дали личните карти можат да бидат сметани за уметничко дело, неговиот одговор беше да. Дефинирано е како концептуална уметност затоа што тие документи се документи од еден перформанс на промена на името. Тоа е правно теоретска интерпретација. Сигурно ја има димензијата на body art затоа што промената на името прво произведува општествена димензија, како некој вид на реално шоу.
Мене се уште не ми е јасно што е всушност проблемот за Грција што толку им смета името. Изгледа е некој симбол впишан во колективниот идентитет и колективна меморија која ја користат површни медиумски и политички манипулации. Мислам дека, колку што знам, Македонија нема впишано во историјата никакви иредентистички претензии, ниту имала во минатото. Попрво е обратно, соседите имаат територијални амбиции кон Македонија, отколку што Македонија има кон Србија, Грција, Бугарија или Албанија. Така да мислам дека кога стварно би се дошло до реалниот проблем, мислам дека тој би бил од симболичен наратив, дека постои некоја симболична димензија во колективната свест која се произведува во Грција и која не може да прифати надвор од Грција да постои територија која се вика Македонија. Во политичка смисла мислам дека се работи само за примена на моќта, затоа што може. Грција е членка на ЕУ, а Македонија сака да биде и Грција тоа го блокира затоа што може.
Мислам дека нема. Дури и ако биде официјалното име Република Северна Македонија, во секојдневната пракса ќе се употребува името Македонија. Се работи за тоа дека како што Грците имаат некоја симболична димензија со која се поврзани и поради тоа не сакаат нешто надвор од нивната држава да се вика Македонија и со тоа политиката вешто манипулира, така и Македонците сакаат да бидат нарекувани со име кое нив нешто им значи. Така да интересно во целата приказна е како името е нешто што е појако дури и од ултиматумите кои ЕУ ги поставуваше кон Грција за да излезе од кризата и да ги спаси од банкрот. Од една страна драстични мерки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, а од друга страна се игнорира нешто што се однесува на симболичните вредности на еден народ. Се е во ред додека тие симболни вредности не почнат да ги менуваат животите на луѓето. Тоа ми се чини дека е овде важно и не можеме да го игнорираме.
Мислам дека можеме на работите да им пристапиме на политички иновативен и позрел начин. Ако договорот беше името на државата да се промени во Северна Македонија, автоматски тогаш се поставува прашањето „Добро, ако ние сме Северна Македонија, каде е Јужна?“ Дали тогаш во учебниците и на картите и македонските и грчките, оној дел од Македонија кој е во Грција, дали ќе се преименува во Јужна Македонија. Дали ќе биде тоа така на картите или ќе биде Северна Македонија нешто што вечно ќе биде во потрага по својот југ. Нели би било подобро ако постои Северна, да постои и Јужна. На некој начин да се постави граница како што е случајот со Северна и Јужна Кореја. Мене ми се чини тоа е повторно европски проблем, проблем на европската дипломатија, која доколку е поквалитетна тој проблем одамна ќе беше решен.
Имаме и други дела каде не интересираат друг тип прашања. Најважно е што работиме на правниот статус на уметноста и нашите животи. Затоа што правото во условите на неокапитализмот треба да биде регулатор или носител на правилата на играта на нашите животи. Многу пати се зборува дека не можеме да го кршиме законот, но законите не се од Господ дадени, туку ги креира политичката структура на власт. Во таа смисла законите не се вечни, а да не зборуваме за тоа дека се преполни со контрадикција. Истовремено даваме можност за друга пракса. Таа правна димензија не интересира многу. Правилата кои ги поставуваат банките и корпорациите и како самите се држат до нив. Мислиме дека има далеку повеќе контрола во приватниот сектор отколку во државниот. На некој начин до државата имаме пристап, а до правилата кои ги поставуваат корпорациите, немаме. Проблем е кога големите корпорации како Google и Facebook се толку дел од нашите животи што еден дел од нашите животи не можеме да го замислиме без нив. Тогаш моќта на тие корпорации станува толку голема и опасна, па се поставува прашањето дали не би требало еден дел од тие корпорации да се национализира затоа што работат нешто што би требало да биде јавно добро, а не власт на капиталот.