Повеќегодишна борба: Славниот актер поради болест престанал да снима

Точка

03/05/2017

22:01

5.946

Големина на фонт

а а а

Болеста зела замав. Ерик Дејн едноставно морал да направи пауза во филмската кариера.

Ѕвездата од популарната серија „Вовед во анатомија“, Ерик Дејн, пати од депресија. Актерот имал сериозни здравствени потешкотии и поради тоа морал да го прекине снимањето на серијата ''The Last Ship'' во која го глуми ликот на капетанот на воениот брод Том Чендлер.

„Ерик замоли за пауза за да се избори со приватни проблеми . Тој страда од депресија и замоли за неколку недели слободно време. Продукцијата љубезно му излезе во пресрет“, се наведува во официјалното соопштение, пишува Daily Mail. „Едвај чека да се врати на снимањето“, додал неговиот портпарол.


44 – годишниот Ерик кого го знаеме како ''Mc Steamy'' од серијата „Вовед во анатомија“, веќе со години води битка со оваа болест, а пред шест години за прв пат се пријавил на рехабилитација поради зависност од лекови против болки.