„Човекот по име Ото“ пристига во киносалите

Филмот „Човекот по име Ото“ со Том Хенкс во главната улога, еден од најомилените актери на денешницата и двократен оскаровец, конечно, доаѓа во домашните кина. Ото Андерсон, кого го глуми Хенкс, е 60-годишник кој планира да стави крај на својот живот по смртта на сопругата и присилното пензионирање, но, наместо тоа, се спријателува со своите весели соседи и почнува да го гледа животот низ позитивна призма.