Овој фармер со години анонимно ги плаќал долговите на сиромашните во аптека

Ходи Чајлдрес е фармер кој живеел од скромни пензиски заштеди во американската држава Алабама. Пред околу 10 години, тој влегол во локалната аптека и ја прашал сопственичката Брук Вокер дали има семејства во градот кои не можат да си дозволат да си ги купат потребните лекови. „Му кажав дека, за жал, често се случува некој да нема лекови. И ми даде банкнота од 100 долари, целата склопена“, се сеќава 38-годишната Вокер.