Евролига топ 10: Супер „банани“, атракции за ерупција…

Зад нас е 20-то коло во кошаркарската Евролига кое ни донесе само три победи на гостинските екипи и тоа на Барселона, Асвел и Баерн Минхен. По новата рунда имаме четири тима кои се на делба на првата позиција со 13-7 што јасно говори колку е неизвесно во досегашниот тек на оваа кампања. Стандардно се избрани и најдобрите потези, па на листата имаме одлични блокади, атракции за ерупција на публиката…мајстории за вистинско уживање.