Васил Гарванлиев ја објави најновата песна РИТАМ, и го најави новиот ЕП насловен како „Порцелански војник’

По кратка пауза, македонскиот претставник на Евровизија 2020 и 2021 година Васил Гарванлиев ја објави третата песна од најавениот ЕП на англиски јазик насловена РИТАМ. Видеозаписот за песната е снимен во легендарниот Aragon Ballroom во Чикаго, кој е познат по концертите одржани на легендарни и А листа на светски музички ѕвезди.