Нејмар и судијата Аријас режираа реприза на бизарниот дуел „Тухел-Конте“

Бразилецот имаше што да каже за арбитражата по дуелот со Бенфика, но бидејќи тоа го направи со покривање на устата и со одредени сочни зборови, наиде на урнебесна реакција од четвртиот судија. Шпанецот Ортиз Аријас се погрижи да видиме мала реприза на препираката која ја имаа Тухел и Конте во Лигата на шампионите, бидејќи ја задржа раката на Нејмар исто како што тоа го направи доскорашениот менаџер на Челси.