Ксенија Николова: „Со сопругот заедно минуваме низ борбата со неплодноста“

„Тоа е долг, емотивен пат, а неуспехот е нешто што мора да го прифатиш и да продолжиш понатаму. Се креваме со сопругот еден со друг. Некогаш јас не можам повеќе, па тој ми дава надеж, некогаш кога нему му е тешко по неуспешен третман, јас го водам напред. Тој ме поддржува во тоа дека зборувам јавно за неплодноста, бидејќи поминува низ истото што и јас, а и нему му помага кога ќе има со кого да поразговара“, раскажува Ксенија со многу емоции во интервјуто за „Репортер“.