На „Netflix“ пристигнува новата серија „Resident Evil“, погледнете го трејлерот

Серијата „Resident Evil“ пристигнува на „Netflix“ оваа година во јули, а пред неколку дена е објавена првата најава на серијата и досега е прегледана повеќе од 1,8 милиони пати. Во најавата се прикажува дека приказната ќе биде поделена на два дела – едниот е сместен во 2022 година, а другиот во Лондон во 2036 година. Серијата ќе го истражува мрачното внатрешно делување на корпорацијата „Umbrella“ и новиот светски поредок предизвикан од појавата на Т-вирусот.