Евролига Топ 5: Јарамаз постигна луд кош преку Миротиќ, брутална блокада на Папаниколау за експлозија на навивачите на Олимпијакос

Тимовите на Барселона и Олимпијакос ги добија мајсторките против Баерн Минхен и Монако и обезбедија билети за завршниот турнир во Евролигата кој од 19 до 21 мај се игра во Белград. Од пресметките во Шпанија и Грција беа избрани најдобрите моменти, создадена е Топ 5 листа на која имаме луди тројки на Џејмс и Јарамаз, а број еден е Папаниколау со бруталната блокада над Бејкон.