Сантиметри одлучуваа: Меси можеше да постигне перфектен гол од слободен удар

Лионел Меси не успеа да постигне гол на домашното деби во дресот на ПСЖ, а подоцна стана топ тема во медиумите поради незадоволството од фактот што беше повлечен од игра во 76. минута од средбата. Аргентинецот не е навикнат да не игра цели натпревари, па и реакцијата не е изненадување, а се чини дека негативната ситуација барем минимално ја неутрализираше фактот што ПСЖ победи во дербито со Лион. Но, Меси претходно можеше да постигне спектакуларен прв погодок во својот нов клуб, откако неговиот слободен удар беше блиску до перфекција. Топката бегаше од гостинскиот голман, но заврши во рамката, а тие сантиметри одлучија Аргентинецот да остане без гол во дресот на ПСЖ.