Самохрана мајка изградила сопствен дом „од нула“: Куќа од 18,5 квадратни метри во која има сè

До неодамна Мишел Бојл била присилена да изнајмува куќа во Орегон за 1173 евра месечно. Поради високата наемнина, а малата плата, Мишел немала никакви шанси да заштеди пари. Сè што заработувала работејќи во кафуле, трошела на отплаќање трошоци и купување храна. Едвај крпела крај со крај, сè до моментот кога нејзините деца се осамостоиле. Тогаш решила да ги земе работите во свои раце и да си изгради мала куќичка.