Почина познатиот француски актер Жан-Пол Белмондо

Легендарниот француски актер Жан-Пол Белмондо почина денеска на 88-годишна возраст. Белмондо е роден на 9-ти април 1933 година во предградие на Париз и важи за еден од најпознатите и најсестрани француски и европски филмски уметници. Глумеше во филмови на реномирани режисери како Клод Шаброл и Виторио Де Сика, а се прослави во 50-тите години од минатиот век како дел од францускиот кинематографски „Нов бран“.