Матео во елемент: Ковачиќ си поигруваше со Русите, па испрати фантастично додавање до Крамариќ

Членот на Челси, Матео Ковачиќ имаше супер квалитетен настап на вчерашниот меч против Русија и Хрватска, средба која заврши без победник и без голови. Ковачиќ во отсуство на Лука Модриќ ја контролираше средината на теренот и Русите едноставно не можеа да му ја земат топката. Тој без проблеми се ослободуваше од ривалите кои притискаа високо на теренот, а при една таква ситуација испрати и брилијатна топка до Крамариќ, меѓутоа домашниот голман излезе и во последен момент спречи можеби и водство на избрнаиците на Далиќ.