Зошто Баерн го доведе Забицер: Мајсторските потези и голови на најновото засилување на баварците

Екипата на Баерн Минхен одлучи одново да се активира во финишот на летниот преоден рок и да го доведе во своите редови Марсел Забицер. Баварците се одлучија да платат околу 16 милиони евра и да го ангажираат австрискиот репрезентативец кој пак се обврза на договор до 2025 година. Тој е трет значаен член кој од РБ Лајпциг се сели во Баерн во овој период - претходно тоа го направија тренерот Јулијан Нагелсман и стоперот Дајо Упамекано. Забицер има 27 години што значи дека едноставно е во најдобрите години и сега тоа ќе треба да го покаже во германскиот великан. Погледнете дел од мајсториите кои едноставно придонесоа да се оствари преселбата на „Алијанц Арена“.