Рајан Серхант, посредник за продажба на недвижности, ја проценил вредноста на пентхаусот на Менхетен на дури 169 милиони долари. Пентхаусот се наоѓа на последниот кат од станбениот облакодер „432 Park Avenue“ и се простира на приближно 800 квадратни метри. Има 6 спални соби и 9 купатила, а големите прозорци овозможуваат совршен поглед кон Менхетен и Централ Парк.