Гвардиола по поразот на Арсенал: Знам како се освојуваат титули во Премиер лигата…

Дерби

07/12/2025

08:41

1.066

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го совлада Сандерленд со 3-0 и на најдобар можен начин го искористи поразот на Арсенал кој се „лизна“ на „Вила Парк“ кај Астон Вила (2-1)

„Топчиите“ го претрпеа само вториот сезонски пораз, прв од месец август кога паднаа на „Енфилд Роуд“ со мајсторскиот погодок на Доминик Собослаи.

Арсенал и понатаму е лидер со тоа што сега има само два бода повеќе од Сити кој во доста натпревари сезонава покажа слабости особено на гостински терен, меѓутоа е добро позициониран и тоа го радува Пеп Гвардиола кој од друга страна е свесен дека екипата ќе мора да биде конзистентна ако сака докрај да води борба за пехарот.

-Секако дека е подобро да се биде поблиску отколку подалеку од врвот на лигата. Но, од мое искуство, жал ми е, не сакам да се чувствувам арогантно, но имам искуство со освојување титули во Премиер лигата, важно е да се биде конзистентен. Конзистентноста доаѓа само од едно нешто, од начинот на кој играш. Не поради резултатот еден ден или победата, дали си два бода позади или четири бода имаш предност. Тоа е конзистентноста во тоа колку играш, колку растеш во текот на годината.

-Денес можеби беше еден од најдобрите настапи во годината, сезоната, во текот на 95 минути. Имавме добри моменти, но секогаш во второто полувреме… не сме конзистентни 90 минути. Во Премиер лигата имав чувство дека Арсенал, иако денес изгуби бодови, ќе изгуби малку, малку, малку бодови.

-Ако сакаш да бидеш таму, мора да победуваш натпревари, натпревари и натпревари, а натпреварите доаѓаат од начинот на кој ќе играш. Не само од среќен ден или среќна акција, -заклучи Шпанецот.