Претпладне по одделни котлини има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните региони ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината исто така има услови за појава на магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Највисоките дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 6 и 14 Целзиусови степени.







