[ВИДЕО] „Ова е буквално потресно до срж“: Снимка од орки заробени во напуштен воден парк во Франција го крши срцето

Точка

01/11/2025

18:11

1.694

Големина на фонт

а а а

Нова, потресна снимка од две орки заробени во напуштен воден парк во Франција го шокираше светот. Видеото прикажува мајка и син како безживотно лебдат во валкан базен, а потоа одеднаш почнуваат да изведуваат трикови како да стои публика пред нив, пишува „LADbible“.

Парот китови-убијци се бори за живот откако паркот „Marineland“ во Антибес беше затворен во јануари поради нов закон што забранува чување на орки за изведување претстави. Активистите веќе со месеци предупредуваат за нивната состојба.

Судбината по затворањето на паркот

Маркетa Шустерова, соосновачка на активистичката група „Tidebreakers“, предупреди дека 23-годишната мајка Вики и 11-годишниот нејзин син Кејо „ќе се разболат и ќе умрат“ доколку итно не бидат преместени во соодветен објект.

„Знаеме од прегледите на снимките дека базенот е опасен“, изјави Шустерова. „Знаеме дека не се чисти, дека се распаѓа. Тоа претставува закана за овие орки секој ден“.

И самата управа на „Marineland“ уште во април за „BBC“ изјави дека животните „мора веднаш да заминат“ за нивно добро, додавајќи: „‘Marineland’ повторно ја потврдува исклучителната итност за преместување на животните на оперативна дестинација“.

Потрага по нов дом

Обидите за пронаоѓање нов дом за Вики и Кејо досега биле неуспешни. Предлогот на зоолошката градина „Loro Parque“ од Тенерифе да ги прифати орките беше одбиен од шпанската влада во април. Лори Марино, претседателка на проектот „The Whale Sanctuary Project“ (WSP), изјави дека засолништето во Нова Шкотска е „единствената преостаната опција“, но локацијата сè уште се подготвува.


Според „WSP“, француската влада во мај повторно стапила во контакт со организацијата за да им обезбеди на китовите „најдобра можна иднина“. „Одговоривме дека остануваме посветени на соработката со владата, со ‘Marineland Antibes’ и со другите организации за заштита на животните за да помогнеме во обезбедување најдобра можна иднина за двата кита,“ соопштија од „WSP“.

Вирална снимка што го потресе светот

Во меѓувреме, активистот и фотограф Сеф Лоулес сподели тажна снимка направена со дрон, на која се гледа Вики како неподвижно лебди покрај својот син во валканата вода. Во еден момент, мајката изгледала како да е мртва, но потоа се поместила и погледнала кон дронот. Набрзо потоа, двете орки почнале да пливаат и да изведуваат точки како да настапуваат пред публика.

„Скокање, вртење, изведување на единствените движења што некогаш ги научиле... но овојпат, немаше публика. Само јас... и нивниот копнеж за слобода“, напиша Лоулес.

„Нивните тела ја пробиваа тивката вода како спомени кои оживуваат — се вртеа, се подигнуваа, паѓаа — како да одекнува духот на аплаузот некаде во нивните мисли“.

Реакции на јавноста и повик за акција

Снимката предизвика бран емотивни реакции на социјалните мрежи. Едно лице напишало: „Ох Боже, плачам. Што се случи со човештвото?? Како може ова да се случува?? Ве молам, мора нешто да се преземе!“.

„Ова е буквално потресно до срж“, коментирал друг, додека трет додал: „Ја плачам душата за овие прекрасни суштества“.

Многумина заклучија дека орките ги изведувале своите точки како молба за помош.

Лоулес истакнал дека „нивната приказна не е завршена, освен ако ние не дозволиме тоа да се случи“.

„За 55 милиони луѓе што ги споделија моите објави – нашите гласови веќе создадоа бранови што удираат во француската влада. Откако моите видеа станаа вирални, француската влада јавно изјави дека сега е целосно ангажирана“, напиша тој.

„Ова е моментот кога мора да притиснеме уште посилно. Ве молам, споделете ги нивните гласови со целиот свет“.