Оваа "Mazda" е сè поблиску до сериско производство

Точка

16/12/2024

15:14

2.686

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот производител не се откажува од своите "zoom-zoom" идеи.

Сведоци сме на обидите на "Mazda" да одржува некои основни принципи на автомобилизмот со децении. И покрај трендовите, автомобилите на "Mazda" останаа пријатни за очи, не премногу тешки и многу возливи – па не е изненадување што некои ја нарекуваат јапонска "Alfa".

Во "Mazda" не се срамат од бензин, па дури и за поголеми (атмосферски) мотори и не ја гледаат иднината како целосно електрична. Еден од нивните погледи е концептот за спортски автомобил "Iconic SP". Иако малкумина го очекуваа, овој проект и денес е жив по долго време од неговата премиера. И е сè поблиску до сериско производство.


Тоа го потврди лично првиот човек на "Mazda", Масахиро Моро. За време на долгото интервју за "Auto News", Моро беше прашан за сериската верзија на "Iconic SP". „Сè уште сме категорични да го оствариме тоа и го правиме чекор по чекор“, рече тој.

По долгогодишни шпекулации, изгледа дека фановите на "Mazda" можеби конечно ќе добијат достоен наследник на "Mazda RX-7". Да, тоа ќе биде автомобил со "Wankel" мотор, и тоа во хибридна верзија. Моторот служи како генератор за полнење на батеријата, а синергетскиот ефект е максимални 370 коњски сили. Важно е дека додавањето мал мотор значи и намалување на батеријата, што резултира со помала тежина на возилото.


Сè на сè, "Iconic SP" може да биде најава за нов спортски автомобил кој ќе ги усогласи традиционалните вредности со актуелните трендови на електрификација и тоа на најдобар можен начин.