Компанијата Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

Макфакс

11/12/2024

20:56

230

Големина на фонт

а а а

Мета се огласи на платформата Х за проблемите со кои се соочуваат корисниците на Фејсбук.

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Попладнево имаше дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.