Што да подарите овие празници?

Точка

11/12/2024

14:12

585

Големина на фонт

а а а

Се прашувате што да подарите оваа година на своите најблиски? Ви предлагаме нешто практично, внимателно избрано и нешто што ќе трае долго по празниците - АМСМ членска картичка!

Зошто АМСМ членската картичка е совршен подарок?

- Пријател на патот – АМСМ членската картичка обезбедува 24/7 помош на пат во случај на дефект, во Македонија и во Европа. Без разлика дали возилото не стартува, дупната е гума или станува збор за друг неочекуван дефект, со АМСМ членската картичка, секој има пријател на пат – секогаш и секаде. Совршен начин да покажете грижа за безбедноста на вашите најмили секогаш кога возат на кратки или долги релации.


- Картичка што штеди – Со АМСМ членската картичка подарувате можност за купување со попусти во повеќе од 250 внимателно избрани продажни места во земјата, како попусти во продавници за спортска опрема и обувки, накит, оптики, продавници за бела техника, хотели, ресторани... Дополнителна заштеда се попустите за одржување на возилото во текот на годината. Со редовно користење на картичката, заштедата може да достигне и неколку стотина евра годишно.

- Персонализиран и уникатен подарок – АМСМ членската картичка е повеќе од обичен празничен подарок – таа е израз на грижа за оние кои ви значат. Корисен, персонализиран и уникатен подарок кој покажува дека мислите на сигурноста и удобноста на вашите најблиски.


- Практичност во подарувањето – Со само неколку клика, подарете АМСМ членска картичка онлајн. Внесете ваша лична порака со празнични желби која ќе пристигне директно на е-пошта кај оној на кој му подарувате. Ако изберете достава по пошта, по телефонска потврда на податоците, картичката ќе биде испорачана до оној на кој му подарувате како подарок од вас за БЕЗГРИЖНА 2025 година.

Подарете повеќе од подарок – подарете грижа и сигурност за вашите најблиски, спакувани во една АМСМ членска картичка!

Кликнете тука за да го направите вашиот избор и да подарите АМСМ членска картичка веднаш.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!

Комерцијален текст