Кинеската компанија "Xiaomi" официјално го претстави својот нов модел на автомобил – "Xiaomi YU7".
По неочекувано големиот успех што го постигна нивниот прв модел, моделот "Xiaomi SU7", компанијата пред сè позната по мобилни телефони сега го претстави и својот наследник.
Како што објави "Xiaomi" на кинеската социјална мрежа "Weibo", новиот модел би требало да се појави на пазарот некаде кон средината на следната година.
Нема многу детали, но има тие основни технички карактеристики. Според документацијата доставена до ресорното министерство, електричниот "Xiaomi YU7"ќе доаѓа во две верзии – првата ќе има 300 коњски сили, а втората 392 коњски сили.
И двете верзии ќе имаат по два електромотори, а за батериите е одговорна "CATL", но нивниот капацитет сè уште не е познат.
Што се однесува до димензиите, тие гласат вака: 4.999 mm x 1.996 mm x 1.600 mm, со меѓуосовинско растојание од 3.000 mm. Неговата тежина ќе биде речиси два и пол тони, односно поточно 2.405 килограми.
Да потсетиме, "Xiaomi" предвидува дека моделот "SU7" до крајот на годината ќе продаде дури 120.000 примероци, што е речиси двојно повеќе од првично планираниот број.