Погледнете ја импресивната колекција на автомобили на Кристијано Роналдо

Точка

10/12/2024

22:49

1.885

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо стана сопственик на новиот "BMW" хибриден "XM" со мотор од 653 коњски сили, чија цена е околу 180 илјади евра.

Тој доби нов спонзорски автомобил откако "BMW" потпиша договор со неговиот клуб Ал Наср.

Лука Модриќ го доби истиот автомобил пред околу два месеци. Новото "BMW" и Лука го доби по спонзорството на "BMW" кон Реал.


Во продолжение ќе се потсетиме само на некои од автомобилите кои еден од најголемите фудбалери на сите времиња ги има во својата колекција.

Првиот е "Rolls-Royce Cullinan" кој го купи откако потпиша за италијанскиот клуб Јувентус.


Неговата колекција вклучува и "Ferrari F12 TDF", за кој во неколку интервјуа изјави дека е еден од неговите омилени автомобили.


На својот Инстаграм профил еднаш се пофали со својот модел "Maserati GranCabrio".


Роналдо има и богата колекција на теренци.

Додека Реал имаше спонзорство со "Audi", Кристијано возеше" RS7".


Еден од најскапите автомобили во светот, "Rolls-Royce Phantom Drophead", реши да го купи откако го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Во неговите помлади денови тој возеше "Bentley Continental".

Откако ја освои Лигата на шампионите во 2016 година, тој купи "Veyron Grand Sport Vitesse".