Ова е дванаесеттата копија на "Alfa Dream" од планираните 40 што компанијата "Totem Automobili" вети дека ќе ги произведе и понуди на пазарот.
Веќе пишувавме за овие рестомоди, а сега италијанската компанија ни открива како секоја копија ќе се вози низ патеката Ваирано, се со цел да покаже колку е убедлива модерната верзија на "Alfa Giulia GTAm" од доцните 1960-ти.
Автомобилот, поставен на карбонска монокок шасија, има напредна суспензија, но и 2.8 V6 твинтурбо мотор развиен во соработка со компанијата "Italtecnica".
Развива 600 коњски сили при 7200 вртежи во минута и 700 Nm вртежен момент достапен од 3000 до 6000 вртежи во минута. Импресивно, исто како и фактот што моторот тежи само 180 килограми.
Да кажеме и дека најпребирливите ќе можат да изберат дополнителна тјунирана верзија на моторот со 750 коњски сили и 850 Nm, кој ротира без проблеми до 8500 вртежи во минута.
Овој автомобил има вкупна маса од само 1180 kg, па не е чудно што успева да достигне 100 km/h за само 3,2 секунди. Помалку е важно дека брзината е ограничена на 250 km/h. Сепак, ова е автомобил кој некои луѓе ќе ги доведе до екстаза додека е во мирување, додека останатите ќе „паднат“ по минувањето на две-три кривини.
И за крај, да кажеме дека почетната цена на овој автомобил е 539.000 евра, но со неколку опции може драстично да се зголеми.