"Triton" ја освои наградата за дизајн на годината во Јапонија, што велите вие?

Точка

06/12/2024

19:26

2.984

Големина на фонт

а а а

Пикапот "Mitsubishi Triton" ја освои наградата за најдобар дизајн на наградите за јапонски автомобил на годината 2024/25.

При доделувањето на наградата, организацискиот одбор го пофали "Mitsubishi Motors" што на својот препознатлив 4WD му дал робустен, но инспиративен дизајн кој ги охрабрува клиентите да истражуваат нов начин на живот“.

Овој пикап се базира на дизајнерскиот концепт „Beast Mode“, а целта беше да се отелотворат цврстината и силата кои и се очекуваат од возилото.


Концептот на предниот дизајн е наречен „Dynamic Shield“ и изразува моќни перформанси и безбедност. "Mitsubishi" тврди дека е оптимизиран со комбинирање на робустна, 3D предна решетка со моќни браници кои ја нагласуваат формата на возилото.

Во внатрешноста, инструмент таблата е дизајнирана со концептот „Horizontal Axis“, односно силен дизајн со хоризонтална тема. Копчињата се дизајнирани да бидат јасно видливи, а може да се ракуваат дури и додека возачот носи ракавици.


Патем, "Triton" е пикап од еден тон кој ги влече своите корени од "Forte", првично претставен во 1978 година. Оттогаш, околу 5,7 милиони примероци се произведени во пет генерации и тие се продадени во приближно 150 земји низ светот.

Новиот "Triton" носи освежување во споредба со неговите претходници во речиси сите сегменти, од внатрешниот и надворешниот дизајн до шасијата и моторот. За прв пат беше претставен во Тајланд (каде што е направен) во јули 2023 година, а планот е на крајот да стане достапен во околу 100 земји ширум светот.


Наградата за јапонски автомобил на годината се доделува по 45-ти пат, а се земаат предвид автомобилите кои беа претставени или пристигнати на јапонскиот пазар во периодот од 1 ноември 2023 до 31 октомври 2024 година. Жирито се состои од 59 луѓе – тие доаѓаат од 41 од највлијателните јапонски медиуми во оваа сфера, како и од самата автомобилска индустрија.

Како ви се допаѓа "Triton", дали се согласувате со изборот на Јапонците?