[ВИДЕО] НАСА откри град 30 метри под ледената површина: „Јасни знаци на напредна цивилизација“

Точка

06/12/2024

19:08

6.319

Големина на фонт

а а а

Авионот „Галфстрим 3“ („Gulfstream III“) на НАСА, додека во април ја мапирал ледената плоча на Гренланд со цел да направи проекции за пораст на нивото на морето, снимил нешто сосема неочекувано со својот радар.

 Прецизната технологија на УАВСАР открила напуштен „мини град“ под триесет метри мраз – поранешната американска воена база „Камп сентури“ („Camp Century“), а снимката беше објавена на 25 ноември годинава.

Базата, која се состои од километарски тунели под мразот, е изградена во 1959 година, за време на Студената војна. Се наоѓа на северозапад од островот, на околу 250 километри од брегот, источно од втората „површинска“ воена база – „Питуфик“.


Градежниот проект не бил тајна, но „Камп сентури“ официјално бил истражувачка станица – а научниците кои престојувале таму дошле до важни геолошки откритија. Но, научните истражувања биле само параван за нуклеарната воена база скриена длабоко во мразот.

„Камп сентури“ е изграден од шест илјади тони материјал кој пристигнувал со санки, а нуклеарниот реактор PM-2 исто така бил донесен во делови. Базата се состоела од 21 тунел со вкупна должина од 4.023 километри, што бил само помал дел од тоа што имале во план. Требало да се користи за нуклеарни балистички ракети со среден дострел, но од проектот брзо се откажале бидејќи тунелите се урнале во 1966 година, по што базата била напуштена.


Реакторот е демонтиран и преместен, но не и нуклеарниот отпад што сè уште стои под мразот. Но ако мразот почне да се топи, опасниот отпад може да има сериозни еколошки последици и да создаде еколошка катастрофа. Една неодамнешна студија предвидува дека мразот во областа ќе се стопи до 2090 година.