[ФОТО] "BMW" го претстави "R12 S", изгледа неверојатно

Точка

06/12/2024

14:46

2.708

Големина на фонт

а а а

"BMW" му оддава почит на икоснкиот "R 90 S" од 1973 година со овој мотоцикл со навистина посебен дизајн.

Линијата "Heritage" на мотоцикли "BMW" штотуку стана уште поатрактивна. И додека моделот создаден пред половина век нудеше спортски перформанси благодарение на моќниот мотор од 109 коњски сили со максимална брзина од 200 km/h, новиот класик остана доследен само на оригиналниот дизајн.


Го придвижува двоцилиндричен мотор од 1.170 кубика кој произведува 109 коњски сили при 7.000 вртежи во минута со вртежен момент до 115 Nm достапен при 6.500 вртежи во минута. Во комбинација со шестстепен менувач, 100 km/h достигнува за 3,6 секунди со максимална брзина од 215 km/h. Повеќе од тоа не му е потребно на никого.


А кога станува збор за тоа што го прави овој мотоцикл толку привлечен, доволно е да ја погледнете богатата фотогалерија. Во исто време, не сакаме ни да помислиме какво е чувството на возење. Уживајте.


Само ќе нагласиме дека нарачките се отворени, а цената во Германија започнува од 22.545 евра. Првите испораки започнуваат во вистинско време – во март следната година.