[ФОТО] Папата доби нова "Г-класа!

Точка

05/12/2024

14:13

2.759

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на германската компанија "Mercedes-Benz", Ола Келениус, на папата Франциско му подари нов „popemobile“, електрично кабриолет возило од класата G.

За време на следната аудиенција на плоштадот Свети Петар, Папата ќе ги пречека вернициет во овој папамобил, специјално дизајниран за него. На барање на папата Франциско, на испораката присуствуваше целиот тим кој работеше на возилото, пренесува "Vatican News".

Мерцедес веќе 100 години соработува со Ватикан за испорака на таканаречениот „Popemobile“, а првото возило му било доставено на папата Пиј XI во 1930 година.


Папата Франциско во моментов користи Мерцедес Г-класа на бензин.

Тим експерти од "Mercedes" работеше речиси една година со претставници на Ватикан за да создадат автомобил прилагоден на потребите на папата.

Еден од главните приоритети беше нулта емисија на штетни гасови, бидејќи Ватикан планира да ги претвори сите свои возила во возила со нулта емисија до 2030 година, според ватиканската агенција.


„Се движиме кон нулта емисија на штетни гасови и лансираме многу електрични производи. Оваа година ја лансиравме електричната G-класа“, изјави извршниот директор на "Mercedes".

Возилото има ротирачко седиште и рачно изработен внатрешен мебел. Покрај тоа, има погон на сите тркала, дизајниран специјално за малата брзина со која папамобилот се движи низ плоштадот Свети Петар за време на јавната публика.


Новиот и подобрен автомобил на Папата е опремен и со покрив кој се повлекува за да го заштити од невреме. Задната десна странична врата е изградена на ротирачки шарки, додека левата е целосно заварена.

Слично како и неговите претходници, автомобилот е во бела боја и има регистарска табличка „SCV 1“ (држава Ватикан).