Соединетите Американски Држави веруваат дека Русија истрелала нова балистичка ракета со среден дострел во нападот врз Украина во четвртокот, ескалација што според аналитичарите може да има импликации за ракетната одбрана на Европа.
Украина во четвртокот соопшти дека Русија лансирала нов тип на балистичка ракета кон градот Днепар, како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.
Русија и Соединетите Американски Држави објавија дека е истрелана експериментална балистичка ракета со среден дострел, што истиот ден го потврди и рускиот претседател Владимир Путин.
Тој изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават. Тој посочи дека современите системи за противвоздушна одбрана не можат да ја пресретнат ракетата која се движи со брзина од 2,5 до три километри во секунда и додаде дека доколку Русија ја употреби таа ракета во конфликтот против Украина, претходно ќе ги предупреди цивилите.
Американската војска соопшти дека дизајнот на руската ракета се заснова на дизајнот на руската интерконтинентална балистичка ракета РС-26 Рубеж (ИЦБМ) со поголем дострел.
Новиот проектил беше експериментален и Русија веројатно има само неколку од нив, изјавија официјални лица.
Пентагон соопшти дека проектилот бил истрелан со конвенционална боева глава, но дека Москва може да ја измени доколку сака.
Así funciona el misil RS-26 Rubezh
— TuiteroSismico𝕏 (@TuiteroSismico) November 21, 2024
Balístico ICBM que Rusia probó con éxito en Ucrania. En términos simples un gran misil que al interior lleva muchos misiles pequeños , que son capaces de llevar ojivas nucleares y abarcar una gran extensión de terreno. pic.twitter.com/Q6N0WCy1Ge
„Може да биде модифициран за безбедно да носи различни типови на конвенционални или нуклеарни боеви глави“, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
Џефри Луис, експерт за непролиферација во Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Калифорнија, рече дека рускиот претседател претходно посочил дека Русија ќе го заврши развојот на систем за балистичка ракета со среден дострел (IRBM) откако Вашингтон и Берлин се согласија САД да распоредат ракети со долг дострел во Германија од 2026 година.
„РС-26 секогаш беше главен кандидат – изјави Луис.
Синг рече дека Пентагон смета дека новата варијанта на ракетата е „експериментална“.
„Првпат гледаме да се користи на бојното поле … Затоа ја сметаме за експериментална“, рече таа.
Американски и британски извори посочија дека тие веруваат дека проектилот истрелан кон Днепар е експериментална балистичка ракета со среден дострел (IRBM) која има нуклеарна способност и теоретски дострел помал од 5.500 километри. Тоа е доволно за да се стигне до Европа од местото каде што беше лансирана во четвртокот, од југозападна Русија, но не и до САД.
Украинските воздухопловни сили првично соопштија дека ракетата била интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). Иако лансирањето на "IRBM" испрати помалку заканувачки сигнал, инцидентот сепак може да предизвика тревога. Според американски официјални лица, Москва го информирала Вашингтон за своите намери непосредно пред лансирањето.
Oreshnik missile is actually a refined RS-26 Rubezh missile. The Oreshnik launch is the fastest in Russian history since it was put on combat duty. pic.twitter.com/OB8Ib04WQs
— Roberto (@UniqueMongolia) November 21, 2024
Тимоти Рајт, од Меѓународниот институт за стратешки студии, рече дека развојот на нови ракети од Русија може да влијае на одлуките во земјите на НАТО за тоа кои системи за противвоздушна одбрана да се купат, како и какви офанзивни способности да се следат.
Новата американска база за одбрана од балистички проектили во северна Полска веќе предизвика лути реакции од Москва. Американската база во Реџиково е дел од поширокиот ракетен штит на НАТО и е дизајнирана да пресретнува балистички ракети со краток до среден дострел.
Сепак, Путин рече дека лансирањето на новиот IRBM во четвртокот не е одговор на базата во Полска, туку на неодамнешните далечни украински напади во руска територија со западно оружје.
По одобрение од администрацијата на претседателот Џо Бајден, Украина ја погоди Русија со американски "ATACMS" и британски ракети "Storm Shadow" на 19 ноември, како и "Himars" од американско производство на 21 ноември, рече Путин.
The “Oreshnik” missile used by Russia to attack Dnipro is based on the intercontinental RS-26 “Rubezh” missile, according to the Pentagon.
— KyivPost (@KyivPost) November 21, 2024
They noted that shortly before the launch, Russia notified the US through “nuclear risk reduction communication channels.” pic.twitter.com/Xja3VFNyE6
Во телевизиско обраќање до нацијата, рускиот претседател призна дека Москва погодила украински воен објект со нова балистичка ракета и рече дека се нарекува „Орешник“ (на руски „лешник“).
Тој рече дека неговото распоредување „е одговор на американските планови за производство и распоредување ракети со среден и краток дострел“ и дека Русија „ќе реагира решително и симетрично“ во случај на ескалација.
Москва соопшти дека целела на ракетна и одбранбена фирма во централниот украински град Днепар, дом на ракетната и вселенската компанија „Пивденмаш“, која Русите ја нарекуваат Јужмаш.
Путин рече дека Русија развива ракети со краток и среден дострел како одговор на планираното производство и последователно распоредување на ракети со среден и краток дострел од страна на САД во Европа и Азија.
„Сметам дека САД направија грешка со тоа што еднострано го уништија договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел во 2019 година под неверојатен изговор“, рече рускиот претседател, осврнувајќи се на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), кој беше постигнат во 1987 година.
САД формално се повлекоа од договорот во 2019 година, откако изјавија дека Москва го прекршува, обвинение кое Кремљ го негираше.
Руско Министерство за одбрана: Сите боеви глави на ракетата Орешник стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана во петокот објави дека сите боеви глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепар.
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс во Украина. За прв пат во борбени услови беше користена балистичка ракета со среден досег со ненуклеарна хиперсоничка опрема. Целта е постигната. Сите боеви глави ја достигнаа својата цел“, стои во соопштението, пренесува "Tass".