Ова се петтата и шестата жртва од труење со метанол: Најдобри пријатели отишле на хит дестинација од која не се вратиле

Точка

22/11/2024

22:57

5.710

Големина на фонт

а а а

Бројот на туристи кои пиеле метанол во Лаос и починале се искачи на шест.

Австралиската тинејџерка Холи Боулс починала по наводното труење со метанол додека била на одмор во Лаос со нејзината најдобра пријателка. Семејството на 19-годишната девојка потврди дека Холи починала во петокот во болница во Бангкок, опкружена со своите најблиски. Нејзината најдобра пријателка Бјанка Џонс (19), која и се придружила на патувањето, исто така починала во болница само еден ден претходно.

Холи е шестата личност која починала откако на гостите во хостелот "Nana Backpackers" во градот Ванг Виенг им бил послужен пијалак со метанол. 19-годишната девојка со денови беше во критична состојба во болница во Бангкок.


Британската адвокатка Симон Вајт од Кент почина во четвртокот откако и се слоши од пиење метанол, додека данското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на две млади жени од Данска. Претходно во четвртокот, американскиот Стејт департмент ја потврди смртта на 56-годишен американски државјанин во Ванг Виенг.


Најдобрите пријателки Холи и Бјанка биле на одмор кога и двете биле отруени на 12 ноември. Следниот ден, двете не се одјавиле од сместувањето, што предизвикало загриженост кај вработените. Вработените во хостелот повикале брза помош.


Сопственикот на хостелот „Ванг Виенг“ во кој се верува дека на туристите им се служеле пијалаци со метанол, ги негираше тврдењата дека во неговата установа се делеле отровни пијалаци. Полицијата во Лаос оттогаш ги приведе менаџерот и сопственикот на хостелот во врска со смртта, но допрва треба да го именува сопственикот или да даде официјален коментар за развојот на настаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг