„Jaguar“ наскоро ќе биде производувач кој не произведува автомобили

Точка

15/11/2024

19:04

4.278

Големина на фонт

а а а

"Jaguar" направи многу ризичен потег и одлучи да го прекине производството на сегашната гама пред пристигнувањето на новите модели.

"Jaguar" наскоро ќе биде произведувач кој не произведува автомобили. Моделите "I-Pace" и "E-Pace" уште се во производство уште неколку недели, "F-Type", "XE" и "XF" веќе се прекинати. Останува само F-Pace, кој ќе престане да се произведува на почетокот на следната година. И тогаш треба да дојде електричниот модел.


Но, тука почнуваат проблемите, бидејќи електричниот модел не доаѓа. Имено, премиерата на електричните модели ќе се случи за дури две години, дознава британскиот "Autocar". Извршниот директор на "Jaguar Land Rover", Адријан Мардел, потврди дека првиот од трите електрични модели сè уште се тестира и нема да биде пуштен во продажба до летото 2026 година.


Лесно е да се заклучи дека по исклучувањето на "F-Pace" "Jaguar" ќе има подолга пауза до доаѓањето на нов производ. Некои пазари ќе понудат модели на акции, додека други најверојатно ќе имаат празни салони.


А што следува ќе видиме на крајот на годината кога е закажана премиерата на концептот од кој ќе се роди идниот ривал на "Porsche Taycan". Да потсетиме, иако "Jaguar" никогаш не бил евтин, со новата деловна политика станува уште понедостапен, прво поради недостигот на понуда, а потоа и поради поскапувањето. Да, "Jaguar" сака да влезе во категоријата каде што седат брендови како "Bentley".




Спонзорирани линкови

Маркетинг