(Видео) Клоп сурово искрен: Не сакам да зборувам со тебе

Дерби

05/02/2023

12:46

3.111

Големина на фонт

а а а

Ливерпул игра ужасна сезона и очајот продолжи со трет пораз на последните четири меча во Премиер лигата, епилог кој предизвика бес и неверица кај германскиот стручњак Јирген Клоп.

Германецот даде интервјуа за познатите британски телевизии веднаш по крајот на мечот и посочи дека не може да ги објасни првите 15 минути на својот тим, нешто што се провлекува од стартот на актуелната натпреварувачка сезона.

Лошиот влез во натпреварите прави голем проблем за избраниците на Клоп, кој пак воопшто не бил расположен на пресот и не сакал да му одговори на еден новинар кој му постави прашање токму за менталитетот на играчите во почетната фаза на натперварите.

– Ако бидам максимално искрен, многу ми е тешко да зборувам со тебе. Претпочитам да не го правам тоа, а тие знаеш зошто е тоа така. За сите работи кои ги напиша. Ако некој друг сака да го постави истото прашање, ќе одговорам на тоа, – му возвратил Клоп на Џејмс Пирс од „Атлетик“, по што друг новинар се солидализирал и го поставил истото прашање.

– Тоа е вистина, тој проблем се провлекува од првиот дел од сезоната. Но, денес го достигнавме врвот на нашите проблеми. Можете да не критикувате, можете да ни судите бидејќи веројатно сте во право. Првите 12 минути кои ги одигравме се недозволиви, – одговорил Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг